Руди Џулијани: Трамп му ги вратил на адвокатот 130.000 долари за порно ѕвездата

Новиот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Рудолф Џулијани изјави дека претседателот му ги вратил на адвокатот Мајкл Коен 130.000 долари за плаќање на порно ѕвездата Сторми Даниелс.

179

Новиот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Рудолф Џулијани изјави дека претседателот му ги вратил на адвокатот Мајкл Коен 130.000 долари за плаќање на порно ѕвездата Сторми Даниелс.

Трамп претходно изјави дека не знае за плаќањето, ниту му било познато од каде Коен ги зел парите.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, кој сега е во правниот тим на Трамп, изјавата ја даде за телевизијата „Фокс њуз“. Тој вели дека Трамп му ги дал парите на Коен неколку дена пред претседателските избори во 2016 година за да и плати на Даниелс да молчи за секс аферата која ја имала со Трамп неколку години претходно.

Џулијани истакна дека плаќањето било сосема легално и оти не се прекршени никакви закони за финансирање на кампањата.

Порно ѕвездата Сторми Даниелс тврди дека во 2006 година имала сексуална врска со Трамп, неколку месеци пред неговата трета сопруга да го роди најмалото дете.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...