Американската централна банка, Управата на федерални резерви (ФЕД) денеска донесе одлука да не ја менува висината на нејзината основна каматна стапка. Согласно денешната одлука, висината на основната каматна стапка на Фед останува на ниво од 1,5 до 1,75 проценти.
Последен пат ФЕД ја промени својата основна каматна стапка во март годинава, кога ја зголеми за 0,25 процентни поени.
Според ФЕД, ваквата каматна политика води кон остварување на поставената цел за висина на стапката на инфлација од два отсто.
Последните падатоци на ФЕД укажуваат дека инфлацијата во САД се доближува до стапка од два проценти.