Најмалку 12 лица загинаа, а седум други се ранети денеска при напад врз канцеларијата на либиската Изборна комисија во Триполи.
Канцеларијата била нападната од група лица, меѓу кои и еден бомбаш самоубиец.
– Бомбаш самоубиец се разнесе во зградатa на Комисијата, додека останатите екстремисти отворија оган – соопшти портпаролката на либиското Министерство за здравство, Ведад Абу Ниран.
Одговорност за нападот презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Во текот на нападот во канцелариите на Комисијата се вршела регистрација на гласачите за изборите, што бе требало да се одржат до крајот на годината.