Баскиските сепаратисти се расформираа

81

Баскиската сепаратистичка организација ЕТА денеска соопшти дека целосно „ги расформира своите структури“.

ЕТА објави писмо во кое ја признава одговорноста за неуспехот да го реши баскискиот „политички конфликт“.

Баскиската сепаратистичка организација пред две недели се извини за злото кое го нанесе на жртвите и членовите на нивните семејства за време на речиси 50-годишната вооружена борба за независност на Баскија, во северна Шпанија и југозападна Франција.

Медиумите тогаш објавија дека се ичекува ЕТА на почетокот од мај да објави конечно расформирање, со што завршува повеќедецениската насилна кампања за независност на Баскија од Шпанија. ЕТА во 2011 година прогласи прекин на огнот, а оружјето го предаде во април минатата година.

ЕТА е одговорна за смртта на повеќе од 800 луѓе, меѓу кои полицајци, политичари и бизнисмени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...