Прасето Пепа прогласенo за гангстерски симбол

Кинеската интернет платформа Даујин го тргна британскиот цртан филм Прасето Пепа затоа што на кинеските социјални мрежи била прифатена како симбол од страна на критичари на кинескиот режим.

162

Кинеската интернет платформа Даујин го тргна британскиот цртан филм Прасето Пепа затоа што на кинеските социјални мрежи била прифатена како симбол од страна на критичари на кинескиот режим.

Ироничната идеја на кинески коментатори да се тетовираат со ликот на Пепа и тоа да го промовираат како божем гангстерски изглед неодамна доби на замав. Како реакција, над 30.000 видеа со Прасето Пепа се отстранети од видео платформата, а забранета е и ознаката #PeppaPig. Цртаната серија на Би-би-си во Кина се прикажува од средината на минатата декада.

Ова не е првпат кинеските социјални мрежи да земат лик од цртан филм и да го користат за критика на властите. Во 2013 година, на сличен начин беше избришано мечето Вини Пу, откако фотографија на полничкиот кинески претседател Кси Џинпинг како чекори покрај високиот и слабиот Барак Обама беше споредена со снимка на Вини Пу покрај високиот Тигер.

Покрај Пепа, тргнати се и содржини каде што мажи се облекуваат како жени, експлицитна голотија и еротски материјали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...