Филмови на Полански и Кешловски во Неделата на полски филм

Билетите за проекциите се бесплатни и може да се резервираат од 16-19 часот во билетарницата на Кинотеката на Македонија на 02/3065968.

297

Недела на полски филм ќе се одржи од 04 до 09 мај во Кинотеката на Македонија. Ќе бидат прикажани шест полски филмови, а ќе бидат изложени и плакати од значајни полски филмови.

Првиот филм кој ќе биде прикажан е „Ноќен воз“ во режија на Јежи Кавалерович. На 5 мај следува филмот „Ракописот од Сарагоса“ режиран од Војчек Хас. На 6 мај ќе биде прикажан „Ветената земја“ од Анджеј Вајда, понеделник 7 мај, е резервиран за Роман Полански и неговиот филм „Нож во вода“, кој премиерно е прикажан во 1962 година.

Последните два дена од неделата на полски филмови се посветени на режисерот Кшиштоф Кешловски, при што во вторник ќе може да го погледнете „Краток филм за љубовта“, а следниот ден ќе биде прикажан „Краток филм за убивањето“. И двата филма се реализирани во 1988 година.

Програмата се реализира во соработка со Амбасадата на Република Полска во Скопје.

Билетите за проекциите се бесплатни и може да се резервираат од 16-19 часот во билетарницата на Кинотеката на Македонија на 02/3065968. Резервираните билети ќе може да се подигнат 30 минути пред почетокот на проекцијата.

Сите проекции започнуваат во 20 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...