Американската рок ѕвезда Брус Спрингстин ќе добие специјална „Тони“ награда за претставата за својот живот, којашто самиот тој ја постави, изјави театарскиот глумец Лесли Одом на вчерашното објавување на номинациите на „Тони“ наградите, нарекувајќи го рокерот „извонредно театарско искуство“.
– Идејата ми беше да прикажам што сум сработил во последниве 40 години и сето тоа да говори само за мене. Не чувствував потреба да правам сапуница од тоа, или да го идеализирам својот живот. Сакав тоа да си тече природно и да опфати што сум напишал за тој период, изјави Спрингстин минатото лето, по премиерата на автобиографската претстава на Бродвеј.
Рокерот планира до декември годинава да ги комплетира своите предвидени 100-на настапи.
Годинешното 72. издание на манифестацијата ќе се одржи на 10 јуни, а водители ќе бидат пејачката Сара Барелис и глумецот Џош Гробан.
ФОТО: EPA/WALTER BIERI