Специјалниот советник кој води истрага за евентуалното руско мешање во американските претседателски избори 2016 година, Роберт Малер изјави дека можно е американскиот претседател Доналд Трамп да добие судски повик за да сведочи. Но, тој не наведе зошто Трамп би бил повикан да сведочи.
Личниот адвокат на Трамп, Џон Дауд истакна дека дури Малер да упапти судска покана, американскиот претседател би можел да се жали или да одбие да одговара на прашања, што му е овозможено со Петтиот амандман на американскиот Устав, односно заштита од самоинкриминација.
Претходно, „Њујорк тајмс“ објави листа од околу 50 можни прашања за американскиот претседател, меѓу кои и за мотивите за отпуштањето на поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, како и за контактите на неговата компанија со Русија.
Листата со прашања, која протече во јавност, Трамп ја нарече „срамна“.