Земјотрес со интензитет 5,5 степени по Рихтер денеска го потресе крајбрежјето на Тајван, нема податоци за жртви и материјална штета, соопшти локалната сеизмолошка служба.
Потресот го почувствувале многу населени места во североисточниот дел на островот.
Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот океан, на 62 километри од брегот, на длабочина од 10 километри под морското дно.