Израел и Палестинците потпишаа договор за електрична енергија

Договорот има и клаузули за намалување на тарифата за електрична енергија што ја плаќаат палестинските потрошувачи.

55
EPA/JIM LO SCALZO

По три години преговори меѓу Палестинците и Изреал денеска е потпишан договор со кој палестинскиот енергетски сектор се ослободува од целосната израелска контрола, соопшти Палесинската упраба за енергија.

Со договорот ќе се регулира односот меѓу израелската корпорација за електрична енергија и Палестинската компанија за електродистрибуција, која има исклучиво право за пренос на електрична енергија на палестинска територија.

Договорот има и клаузули за намалување на тарифата за електрична енергија што ја плаќаат палестинските потрошувачи. Договорот вклучува и изградба на нови електрани или купување на електрична енергија од соседните држави, кога електричната мрежа ќе биде во целосна сопственост на Палестинците.

Фото: EPA/JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...