Трамп за тајните документи на Иран: Сто отсто бев во право!

313

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека бил 100 отсто во право кога го критикувал нуклеарниот договор на големите сили со Иран.

Изјавата на Трамп следеше само половина час по говорот на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, кој оцени дека договорот бил заснован на лаги и наведе дека Израел има убедливи докази за тајна нуклеарна програма на Иран.

Трамп изјави дека однесувањето на Иран е неприфатливо, Тој одби да каже дали САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор, иако навести дека доколку дојде до тоа, веројатно ќе преговара за постигнување вистински договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...