Иранските власти им наредија на интернет-провајдерите во таа земја да го блокираат пристапот до апликацијата за испраќање пораки „Телеграм“, која ја користат околу 40 милиони Иранци.
Обвинителството нареди блокирањето на „Телеграм“ да се изврши на начин што корисниците нема да можат да ги заобиколат ограничувањата користејќи виртуелна приватна мрежа (VPN), објави иранската државна телевизија.
Иран минатиот месец соопшти дека ќе го блокира „Телеграм“, а како причина ја наведе националната безбедност.
Апликацијата беше користена за организирање два протести во Иран, но и во други земји. Во Русија денеска беше одржан голем протест поради забраната на оваа апликација.
Апликацијата е бесплатен сервис за испраќање пораки, која може да се користи на „паметни“ телефони и компјутери. Популарна е поради силната заштита на пораките и тоа ја прави еден од најбезбедните канали на комуникацијата. Но од истата причина ја користат екстремисти и други криминални групи.
„Телеграм“ во 2013 година ја основаа двајца браќа, Русите Николај и Павел Дуров.