Со одлука на властите во Казахстан, до 2025 година е предвидено кирилицата целосно да биде исфрлена од употреба и наместо неа да се користи латиницата. Со овој чекор тие би побегнале и од последните остатоци на советското владеење.
Најпрво е предвидено да се направи транслитерација на гласовите со соодветни латинични ознаки, а потоа да се спроведе план за издавање на сите учебни материјали што се применуваат во училиштата.
Потоа, ќе се обучуваат наставниците за новиот начин на работа, а потоа ќе се започне превод на сите официјални државни документи.
Во Казахстан луѓето почесто зборуваат руски, наместо традиционален казашки јазик. Со промена на писмото и негово прилагодување на државниот јазик, Казахстан очекува зголемено поврзување со западните земји кои користат латиница.