Косовски Уставен суд: Договорот за демаркација е ратификуван согласно законот

126

Косовскиот Уставен суд денеска одлучи дека Парламентот согласно законот го ратификувал договорот за погранична демаркација со Црна Гора.

Косовските опозициски пратеници побараа од Уставниот суд да го поништи Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, изгласан во март, со образложение дека е неуставен.

Тие се обидоа и да го спречат гласањето во Парламентот фрлајќи солзавец во салата, но сепак беше обезбедено минимално двотретинско мнозинство за ратификација на Договорот.

Косовската опозиција тврди дека со Договорот се губи дел од територијата на Косово, додека Владата и меѓународните експерти демантираат.

Црна Гора претходно го одобри Договорот за погранична демаркација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...