Француската пејачка Роз Лоранс по долго и тешко боледување почина на возраст од 65 години во Париз.
Лоранс, чие вистинско име беше Роз Подвожни, постигна светска слава со хитот „Африка“ од 1982 година.
Таа сними десетина албуми и соработуваше со познати француски музичари како Франсис Кабрел, Жан-Жак Голдман, Ив Дитеј и други.
Последниот албум го издаде во 2016 година и до тогаш настапуваше на париската сцена.