Британската премиерка Терезе Меј го именувала Саџид Џавид за министер за внатрешни работи, откако неговата претходничка поднела оставка поради скандал со имиграцијата.
Џавид, досегашен министер за заедници, е прв припадник на малцинска заедница на едно од четирите највисоки функции во владата.
Досегашната министерка за внатрешни работи Амбер Рад, синоќа поднела оставка и навела дека „ненамерно“ погрешно ги информмирала пратениците дека има имигранти за депортација.
Јавноста реагирала кога весникот „Гардијан“ објави дека на некои луѓе кои во Велика Британија дошле од Карибите по Втората светска војна, неодамна им била ускратена медицинска нега во Велика Британија или дека имало закана за депортација, бидејќи немале документи со кои ќе го докажат правото на престојувалиште.
Џавид, чии родители дошле од Пакистан, се налутил поради третманот на тие бриртански граѓани и за весникот „Сандеј Телеграф“ изјавил дека „тоа би можел да биде тој“.