Французите шокирани: Од сандали повторно во чизми

1112

Во Нормандија, регион на северот на Франција, врне снег откако студениот бран ја погоди Франција.

По исклучително студениот март, април беше еден од најтоплите во Франција откако се води статистика, соопшти метеоролошката служба.

Тоа траело се до денеска, кога температурата нагло се спуштила ширум северна Франција. Поплави и силни ветрови, исто така, се закана за тие области.

Се прогнозира дека утре, за 1 мај, температурите ќе бидат во благ порас, но шансите за дожд и натаму се големи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...