Утрово околу 4 часот во силен пожар до темел изгоре најголемата фабрика во Црна Гора за преработка на месо. За среќа , нема повредени. Според противпожарната единица , дел од пожарот бил веднаш локализиран ,а дел се уште се гаси. Пламените јазици се издигале на десетини метри, а чадот се гледал од голема далечина.
Причината за пожарот не е позната. Во гаснењето на пожарот учествувале 11 возила од Бијело Поље , а на помош пристигнале и возила од околните градови.
Во фабриката биле вработени 600 лица , а со нејзиното уништување е зададен силен удар на економијата во овој дел од државата , вели градоначалникот Петар Смоловиќ, кој очекува помош од владата. На самото место е потпретседателот на владата Милутин Симовиќ со уште неколку министри.