Интерпол: Ослободени 350 лица од криумчарите на луѓе

Во координираните рации на почетокот од месецот во Бразил, Венеција, Јамајка и другиуте делови на Кариби учествувале околу 500 полицајци.

57

Интерпол денеска соопшти дека во координирана полициска операција во 13 држави ослободени се речиси 350 лица од криумчарите на луѓе, а ширум Кариби и Јужна Америка уапсени се 22 лица.

– Меѓу спасените има и деца и возрасни кои работеле во ноќни клубови, во рудници за злато, фабрики, пазари на отворено и фарми. Некои од нив биле принудени да работата без пари или во многу мали простории, се посочува во соопштението на Интерпол.

Во координираните рации на почетокот од месецот во Бразил, Венеција, Јамајка и другиуте делови на Кариби учествувале околу 500 полицајци.

За време на акцијата запленета е компјутерска опрема, мобилни телефони и пари.

ФОТО: EPA/WALLACE WOON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...