Претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, денеска соопшти дека е во самоизолација во неговиот дом во Брисел, како мерка претпазливост, бидејќи патувал во Италија.
– Парламентот ќе продолжи со извршување на своите должности. Ниту еден вирус не може да ја блокира демократијата – наведе Сасоли, кој е од Италија.
Европскиот парламент вчера одлучи да ја скрати месечната седница поради загриженост дека стотици пратеници што седат едни до други може да предизвикаат ширење на вирусот, изјави неименуван официјален претставник.