Wizz Air: Ги суспендираме сите летови кон Италија

Причината за тоа се рестриктивните мерки на Владата на Италија.

290

Wizz Air објави дека од денес 10 март 2020 ги суспендира сите свои рути до Италија, како резултат на одлуката за рестриктивни мерки на италијанскиот премиер, со цел да ја контролира појавата на коронавирус во земјата.

Летовите за сите дестинации на Wizz Air кон Италија (Алгеро, Бари, Болоња, Катанија, Милано Бергамо, Милано Малпенса, Неапол, Пиза, Рим Киамино, Рим Фиумичино.

Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120% повраток на цената во кредити. Патниците можат да одберат помеѓу горенаведените опции со кликнување на линкот на нивната електронска пошта и лесно да ја одберат најдобрата опција преку нашата платформа за само-користење.

Патниците кои ги направиле своите резервации преку туристички агенции – вклучително и преку туристички агенции преку Интернет – треба да стапат во контакт со компанијата каде ги купиле своите билети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...