Поради брзото ширење на коронавирусот од вечерва цела Италија е таканаречено „заштитено подрачје” и движењето на луѓето ќе биде строго ограничено.
Секој оној што ќе сака да се движи ќе треба да има добра причина за тоа. Ова на специјална прес-конференција го објави премиерот Џузепе Конте.
– Немаме повеќе време. Потребни се радикални и тешки мерки – изјави Конта пред новинарите.
Во Италија моментално има 7.985 заразени лица, а 462 лица починаа поради коронавирусот. Само денеска се потврдени 1592 нови случаеви на заразени со Ковид-19.