Борел: Европа мора да ги брани границите и да бара трајно решение за миграцијата

Борел се надева дека ќе има договор со Турција за мигрантите. Според него, мигрантите не треба да мислат дека границите на Европа се отворени поради притисокот што се прави.

39
Photo: EPA / STEPHANIE LECOCQ

На неколку часа пред пристигнувањето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Брисел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека Европа мора да ги брани границите, но, исто така, треба да се најде заедничка миграциска политика „која со години ја бараме без да ја најдеме”.

– Овие настани ни даваат сила, но и чувството за итност неи тука тоа да го направиме. Тоа ќе биде тема на разговарот со турскиот претседател Ердоган – изјави тој.

Борел се надева дека ќе има договор со Турција за мигрантите. Според него, мигрантите не треба да мислат дека границите на Европа се отворени поради притисокот што се прави.

– Тоа не е решение ниту за нив, ниту за Европа, ниту за нашите односи со Турција. Ние сме во потрага по трајно решение за овој проблем. Турција и Европа мораат да соработуваат – рече тој.

Борел зборуваше и за африканската миграција.

– Африка е и ќе биде извор на миграција кон Европа и тоа не може да се спречи со сила. Демографската нерамнотежа меѓу Европа и Африка е толку многу голема што е нормално да се мисли дека во иднина африканското население ќе се поместува кон Европа. Проблемот на миграцијата е тоа што европското население на него гледа како на проблем што не е регулиран и тоа дава чувство на опасност – изјави шефот на европската дипломатија.

Тој смета дека „тоа е поврзано со големиот бран од 2015 година којшто немаше голема врска со африканската миграција. Тоа всушност не беа мигранти туку баратели на азил но најголемиот број не беа Африканци”.

Борел смета дека треба да се направи напор за да може миграцијата да биде регулирана и треба да се спречи нерегулираната миграција. Тој најави дека ЕУ во наредните месеци ќе бара начин како да се реши проблемот со миграцијата од Африка и да се дојде до ситуација во која сите добиваат – и африканските земји и Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...