Опозицијата во Турција се надева дека ќе победи на изборите со 60 отсто од гласовите во вториот круг

Кемал Калачдароглу рече дека опозицијата очекува на предвремените избори да победи со 60 отсто од поддршката во вториот круг.

651

Лидерот на водечката опозициска партија во Турција, Националната републиканска партија (НРП), Кемал Калачдароглу рече дека опозицијата очекува на предвремените избори да победи со 60 отсто од поддршката во вториот круг, јави Си-Ен-Ен-Турк.

Килчдароглу повторно нагласи дека тој лично не планира да учествува како кандидат на претседателските избори.

– Уште пред неколку месеци реков дека како претседател на партијата нема да бидам кандидат. Изборите ќе ги добиеме во вториот круг со 60 отсто, додаде тој.

Во изминатите денови опозицијата водеше неуспешни разговори за обединување околу заеднички кандидат за претседателските избори.

Единствен потенцијален кандидат на опозицијата – Абдулах Ѓул објави во саботата дека нема да се кандидира поради отсуство на консензус на опозицијата околу неговата кандидатура.

Опозицискиот лидер претстави исто така пресметки според кои, ако опозицијата формира коалиција за парламентарни избори тоа ќе обезбеди 80 пратеници повеќе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...