Бил Гејтс предупредува: Триесет милиони луѓе можат да умрат во неколку месеци ако не делуваме навреме (ВИДЕО)

Основачот на „Мајкрософт“ верува дека смртоносна епидемија на грип би можела да ја погоди нашата планета и дека човештвото треба да биде подготвено за вакво сценарио.

590

Бил Гејтс издаде сериозно предупредување за смртоносна болест која би можела да убие повеќе од 30 милиони луѓе за само неколку месеци. Имено, основачот на „Мајкрософт“ верува дека смртоносна епидемија на грип би можела да ја погоди нашата планета и дека човештвото треба да биде подготвено за вакво сценарио, исто како што големите сили се подготвуваат за војни, пренесува Макфакс.

Ова апокалиптично предупредување Гејтс го изнесе во петокот на научен собир во Масачусетс. Иако и порано зборувал на темата, Гејтс во оваа прилика внел многу сигурност во неговите зборови, пишува „Гизмодо“.

„Кажете им на светските лидери дека се гради оружје што може да убие 30 милиони луѓе – веднаш ќе има реакции и подготовки против таквата можна закана, но во случај кога станува збор за биолошка закана, изостанува енергична реакција“, рече еден од најбогатите луѓе во светот.

Забележувајќи дека тој е обично оптимист, Гејтс наведе дека постои една област во која светот не прави доволно за да постигне напредок, а тоа, според него, е подготвеноста за епидемии.

Во обид да го направи светот свесен за заканите за кои често зборува, Гејтс се состана со Доналд Трамп во март. Тој се обиде да го убеди претседателот да се откаже од својот план за независна истрага за безбедноста на вакцините.

ФОТО: јутјуб

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...