Папата Франциск денеска ја прифати оставката на кардиналот Филип Барбарин, кој е обвинет дека го прикривал сексуалното злоставување во Католичката црква.
Барбарин (69) е највисок свештеник вмешан во таков скандал во Католичката црква во Франција.
Во март минатата година Барбарин беше условно осуден на шест месеци оти го прикривал сексуалното злоставување на момчиња од страна на Бернард Прејнат во периодот од 1971 до 1991 година.
Барбарин по поднесената жалба на 30 јануари годинава беше ослободен, но најави дека ќе поднесе оставка со цел Католичката црква да може „да сврти нова страница“ по аферата што стана симбол на неуспех на Црквата да се справи со педофилијата во нејзините редови.
Барбарин негира дека го прикривал случајот, додека Прејант призна дека имал сексуални односи со момчиња.
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI