Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје чиј сопственик е бизнисменот Ванчо Чифлиганец, се стекна со 6.413 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.
Како што соопшти банката преку Македонска берза сега компанијата на Чифлиганец поседува вкупно 266.879 обични акции.
„Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 266.879 обични акции, односно има учество од 11,71% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје“, стои во соопштението.