Работници бараат Тасева да ја слушне и нивната верзија за „Фени“

Работниците во писмото и се обраќаат и на претседателката на Транспаренси интернашнал, Слаѓана Тасева ја прашуваат зошто не оди  кај нив и да разговара со  вработените и самата да се увери во она што го пишуваат.

334

Иницијатвиниот одбор за промена на претседателот на синдиканата организација и синдикалниот одбор на „Фени Индустри“ преку отворено писмо информираат во каква состојба се наоѓаат работниците сега и каков им бил животот последните две години. Ја повикуваат претседателката на Транспаренси Интернешнал, Слаѓана Тасева да оди во „Фени“ и од работниците да се информира за состојбите и сите случувања.

Во писмото потсетуваат дека 1.000 семејства живеат од Комбинатот, оти моментално се задоволни бидејќи редовно земаат плата, се исплаќаат долговите и дека се полнат залихите, што не било случај пред осум месеци и последните две години во кои едвај преживувале и биле под тортура.

„Постојано не надгледуваа и ни се закануваа ако зборуваме нешто против Кунико, а директорот избега од државата и ја продаде фирмата за едно евро. Постојано ни велеа дека ќе влезат пари и инвестиции, а тоа никогаш не го видовме. Потоа дојде Енекорд а тие на заемот за да си купиме огревни дрва ни наплатуваа камата. Ни ветуваа плати и рестарт, а од тоа ништо“, пишува во писмото.

Работниците во писмото ѝ се обраќаат и на претседателката на Транспаренси интернашнал, Слаѓана Тасева ја прашуваат зошто не оди  кај нив и да разговара со  вработените и самата да се увери во она што го пишуваат.

„Престанете да верувате во криминалци како Кунико и Енекод и да ги браните без докази. Се работи за наша лична егзистенција, а тие го уништија комбинатот. Изнесени беа милиони од фабриката. Оставете не да работиме“ пишуваат во отвореното писмо работниците на „Фни“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...