Светската трговија бележи штети од 50 милијарди долари поради коронавирусот

Меѓу најранливите економии, проценува УНКТАД, се Европската унија (15,6 милијарди долари), САД (5,8 милијарди долари), Јапонија (5,2 милијарди долари), Република Кореја (3,8 милијарди долари), Тајван (2,6 милијарди долари) и Виетнам (2,3 милијарди долари)

28
FOTO MIA

Забавувањето на производството во Кина поради појава на новиот коронавирус ја нарушува светската трговија и може да резултира со пад на извозот во износ од 50 милијарди долари, се наведува во проценките објавени од Агенцијата за трговија и економски развој на ОН (УНКТАД) .

Кина е централен производствен центар на многу глобални деловни активности, па забавување на кинеското производство влијае на секоја земја во зависност од тоа колку зависат нејзините индустрии од кинеските добавувачи, наведува УНКТАД.

Според проценките на УНКТАД, најранливите сектори вклучуваат прецизни инструменти, машини, автомобилска и комуникациска опрема.

Меѓу најранливите економии, проценува УНКТАД, се Европската унија (15,6 милијарди долари), САД (5,8 милијарди долари), Јапонија (5,2 милијарди долари), Република Кореја (3,8 милијарди долари), Тајван (2,6 милијарди долари) и Виетнам (2,3 милијарди долари).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...