Лажела за годините: Пенелопе Круз ги добивала улогите лажејќи ги режисерите!

1222
ФОТО: EPA/ETIENNE LAURENT

„Не се плашам од стареењето. Имам многу работи во животот на кои можам да се радувам“, истакнала актерката Пенелопе Круз која во прегратката на својот сопруг и колега Хавиер Бардем (49) ќе го прослави својот 44-ти роденден.

Пенелопе вели дека тие денови сака да ги помине со семејството, синот Лео (7) и ќерката Луна (4), како и со сестрите, браќата и родителите.

– Нема ништо поубаво од начинот на кој моите деца ме гледаат – рекла актерката.

Пенелопе истакнала дека во иднина нема да одговара на таквите работи, а дека ја восхитува таа холивудска опседнатост со младоста и годините на жените.

– На почетокот на кариерата лажев за своите години така што во еден момент ни самата не знаев колку имам години. Но, тогаш сакав да делувам постаро – рекла Пенелопе.

Оскаровката неодмна го сними четвртиот филм со сопругот, а втор во кој играат двојка. Станува збор за психолошкиот трилер „Сите знаат“ во кој сопружниците ги толкуваат главните улоги и со нив ќе биде отворен овогодинашниот Филмски фестивал во Кан.

ФОТО: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...