Скенирањето сметки за 11 отсто ја зголеми наплатата на ДДВ

260.000 граѓани-контролори за истото добиваат награда преку поврат на ДДВ, но и преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда.

100

За 11 отсто е подобрена наплатата на ДДВ во првото полугодие од спроведувањето на МојДДВ. Министерката за финансии Нина Ангеловска, вели дека подобрувањето на наплатата на ДДВ е показател дека мерката дава резултати во сузбивањето на сивата економија, а 260.000 граѓани-контролори за истото добиваат награда преку поврат на ДДВ, но и преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда.

–Cost benefit анализата покажува дека МојДДВ е успешна мерка која дава резултати. МојДДВ е мерка за стимулирање на наплата на приходите, како резултат на данокот на додадена вредност, и меѓу другото да ги награди граѓаните со поврат додека се контролори и ги бараат фискалните сметки. Ако ги земете шесте месеци од јули до крајот на годината од воведување на мерката, седум милиони евра биле вратени назад кај граѓаните. Околу 260.000 граѓани скенираат сметки, тоа се 260 илјади контролори на кои сме им вратиле средства. Наплатата на ДДВ е зголемена за 11 отсто во шесте месеци откако е воведена мерката во споредба со лани периодот. Cost benefit анализата покажува дека ако би бил нормален раст од шест отсто без мерката – што не е толку, бидејќи просекот е 3,5 отсто на раст на ДДВ во последните 10 години, со мерката се доплнителни 23 милиони евра приходи прибрани како резултат на МојДДВ. Значи со седум милиони евра, сме имале ефект од 23 милиони евра – изјави Ангеловска во емисијата „ТопТема“ на ТВ Телма.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...