Сириската војска соопшти дека неколку воени бази во провинциите Хами и Алепо биле погодени од ракети, во како што нагласија – „нова непријателска агресија“, јави сириската државна телевизија.
Ирански медиуми јавија дека во синоќешните ракетни напади во северниот дел на Сирија биле убиени најмалку 40 луѓе, а 60 лица ранети, нагласувајќи дека меѓу загинатите има и 18 Иранци.
Според тврдењата на официјални сириски медиуми, девет ракети биле испукани од британските и американски бази во северниот дел на Јордан.