Рама до ЕУ: Свадба свикајте вие, облека одамна чуваме во плакарот

153
Photo: EPA-EFE / FILIP SINGER

Албанскиот премиер Еди Рама,на состанокот на Комитетот за обнова по катастрофалниот земјотрес,го збуни амбасадорот на мисијата на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, околу одложувањето на почетокот на преговорите со ЕУ.

Обраќајќи му се на амбасадорот, шефот на албанската влада побара да се донесе позитивна одлука,за што многу одамна биле подготвени.

– Знаеме дека процедурите на ЕУ обично се долги и одземаат многу време, но не можам да им кажам на луѓето: ама знаете како работи ЕУ. Како што велите и вие за три недели ќе биде одличен ден, а ние бевме подготвени за вакви денови многу порано. Се облековме и бевме на масата покажајќи го нашето најдобро, но вие не дојдовте. Не оставивте да чекаме. Ако овој пат не се случи истото, мислам дека свадба ќе свикате вие, а не ние. Подготвени сме да дојдеме, само треба да ја облечеме облеката што ја подготвивме.Цело време чека во плакарот. Крајно време е да ја облечиме. Го кажав ова јавно, поинаку не можев, рекол премиерот Рама, што најпрво го збунило евроамбасадорот – пренесува Ора њуз.

Претходно, амбасадорот на ЕУ изјавил дека обновувањето по земјотресот е директно поврзано со процесот на интеграција на земјата.

– Ова е нова можност за Албанија, бидејќи обновата оди понатаму. Ова ја прави ЕУ уште поприсутна, бидејќи сте и во процес на членство. Сметаме дека е наша должност да помогнеме и да советуваме. Треба да бидеме учесник во овој процес за да средствата се користат транспарентно – рекол Сореца.

Американската амбасадорка Јури Ким постојано уверувала дека ќе биде со албанските власти за да обезбеди транспарентност во гарантирањето на средствата.

Според предвидувањата на Комитетот за обнова, погодените семејства ќе имаат нов дом во текот на оваа година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...