Влегувањето на Саркози во „Пари мач“ ги разгневи новинарите

139
ФОТО: EPA/ABIR SULTAN

Здруженијата на новинарите и уредниците (СДЈ и СДР) на „новинскиот“ пол на Лагардер (Пари Мач, Ле Журнал ди диманш и Европа 1), изразија загриженост за последиците за кредибилитетот на овие медиуми со влегувањето на Никола Саркози во надзорниот одбор на групата, јави дописникот на МИА.

„Во контекст на широко распространета недоверба во медиумите и сомневањата за нивна близина со политичките лидери, ние сме загрижени за ризикот што го претставува ова назначување за нашиот кредибилитет“, напишаа тие во заедничкото соопштение.

„СДР и СДЈ на трите редакции заедно и силно ја потврдуваат својата приврзаност кон уредувачката независност и нивната будност во работата со информациите без никаков притисок “, додаваат овие организации.

Групата за издаваштво и дистрибуција Лагардер на крајот на февруари објави дека со „едногласна“ одлука е кооптиран поранешниот претседател  Никола Саркози и екс-шефот на СНЦФ (Државната железнива) Гијом Пепи во својот надзорен одбор. Доаѓањето на овие две личности, блиску до интересите на првиот акционер на групата, суверениот фонд на Катар, е дел од офанзивата на Арно Лагардер за зајакнување на неговата контрола над компанијата, соочувајќи се со критики од активистички фонд Амбер Капитал кој бара промени во управувањето со групата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...