Повторно инциденти на грчко – турската граница кај Еврос

89

Група бегалци и мигранти, собрани на турската страна, од веќе затворената граница со Грција, со разни предмети ја нападнала грчката полиција во обид нелегално да влезат во земјата, објавија медиумите кај јужниот сосед, кои говорат за солзавец фрлен од турската кон грчката страна, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите во медиуми, инцидентите почнале кусо пред девет часот утрово, а грчката полиција на солзавецот од турска страна, одговорила исто така со солзавец.

Во текот на вчерашниот ден, ситуацијата на грчко – турската граница беше релативно мирна, веројатно поради посетата на премиерот на Грција заедно со првите луѓе на европските институции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...