СЗО: Кина со најмалку нови заразени со Ковид-19 во последните педесетина дена

180

Во моментов има вкупно 90.893 пријавени случаи на Ковид-19 на глобално ниво, и 3.110 смртни случаи, соопшти синоќа СЗО.

Во изминатите 24 часа, Кина пријави 129 случаи, што е најмал број од 20 јануари.

Вон Кина пријавени се 1.848 случаи во 48 земји, а 80 проценти од случаите се во Република Кореја, Иран и Италија.

Вкупно 12 држави пријавиле први случаи, а во моментов има 21 земја со по еден случај. 122 земји не пријавиле ниту еден случај на зараза.

– Сфаќаме дека луѓето се плашат и се несигурни. Стравот е природен одговор на човекот на секоја закана, особено кога станува збор за закана што не ја разбираме целосно. Но, како што добиваме повеќе податоци, сè повеќе и повеќе учиме и го сфаќаме вирусот и болеста што ја предизвикува, изјави синоќа директорот на СЗО Гербрејесус.

Според Интернет страницата Волрдметерс во светот има 93.191 случаи на заразени со новиот коронавирус, 3.203 починале, а 50.984 луѓе оздравеле.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...