Израелските власти соопштија дека војници застрелале двајца Палестинци кои упаднале во државата од Појасот Газа, а во друг инцидент убиле Палестинец на границата.
Откако ја прескокнале пограничната ограда и стигнале на израелска територија, двајца Палестинци фрлиле експлозивни направи врз војниците кои отвориле оган и ги убиле.
Претходно, двајца Палестинци ја оштетиле оградата и се обиделе да влезат на израелска територија. Израелски војници отвориле оган и убиле еден Палестинец, а другиот е приведен.
Од почетокот на протестите на граничната линија кај Газа и Израел на 30 март убиени се 48 Палестинци.