Кина ја затвори теренската болница во Вухан која беше изградена само за осум дена, откако е констатирано намалување на бројот на нови случаи на новиот коронавиру, соопшти денеска кинеската државна телевизија.
Од болница се отпуштени 34 лица, кои се враќаат во своите домови по 14 дена карантин. Преостанатите 76 заразени пациенти ќе бидат префрлени во други болници.
Денеска бројот на новозаразени изнесува 193 лица, што е најмал пораст на заразени од 26 јануари.
Според кинеските власти, до 29 февруари 49 отсто од заразените во Кина се опоравиле, 3,57 проценти им подлегнаа на болеста, а останатите пациенти се под лекарски надзор.
Во светски рамки, според податоците достапни до 15 часот, од Ковид-19 има 89.843 заболени, вклучително и 45.636 излекувани и 3.069 починати.