Путин: Нема да водиме војна со никого

193

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не планира да води војна со никого, но дека сака да ги одврати другите земји од конфликт со Москва.

– Ние нема да се бориме против никого. Сакаме да создадеме услови да никој не сака да се бори птоив нас – рече тој за ТАСС во интервјуто наречено „20 прашања за Владимир Путин“.

Путин исто така рече дека САД трошат многу повеќе пари за одбраната отколку Русија.

Тој, изнесе и детали за еден од неговите разговори со американскиот колега Доналд Трамп за воениот буџет.

– Доналд ми рече дека усвоиле огромен воен буџет за следната година, 738 милијарди долари – рече Путин.

Фото: EPA / ANATOLY MALTSEV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...