Хорват: Хрватската економија веќе страда поради Ковид-19

Тој рече дека во февруари вредноста на извезената стока од Хрватска во Кина се намалила од 141 милиони долари на 50 милиони долари

158

Хрватскиот министер за економија Дарко Хорват изјави денеска дека ефектите од новиот коронавирусот веќе се гледаат и оти тие ќе имаат одредено влијание врз хрватската економија, иако размерот е тешко да се предвиди во овој момент.

– Во првите два месеци на ниво на ЕУ, гледаме два милиони помалку пристигнувања на кинески туристи – рече Хорват, додавајќи дека хрватскиот туризам би страдал, но тешко е да се предвиди колку.

Тој рече дека во февруари вредноста на извезената стока од Хрватска во Кина се намалила од 141 милиони долари на 50 милиони долари.

– Ефектите доаѓаат, но најважно е да се каже дека не треба да дозволиме паниката да влезе во нашите секојдневни животи или да го наруши спокојството со кои изминатите три години придонесувавме економски раст – рече Хорват и додаде дека се работи на методологијата за ублажување на последиците.

Хорват потенцира дека Европската комисија веќе издвоила 300 милиони евра за да ги ублажи штетите предизвикани од коронавирусот и да пронајде вакцина и лек.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...