Белата куќа ги обвини медиумите дека со пишувањата за коронавирусот сакаат да му наштетат на Трамп

214

Шефот на персоналот на Белата куќа, Мик Милвани, денеска ги обвини американските медиуми дека засилено објавуваат негативни извештаи за коронавирусот за да му нанесат штета на претседателот Доналд Трамп.

-Причината заради која оваа тема денеска привлекува толку внимание е да му се наштети на претседателот. Тоа е единствената причина, рече Милвани на конзеравтивен политички форум.

За да се стабилизира пазарот на акции, тој советува луѓето да „не гледаат телевизија во следните 24 часа“.

Милвани претходно веќе ги осуди медиумите заради негативното пишување за претседателот во текот на истрагата за негово отповикување и судење.

Шефот на персоналот на Белата куќа и директор на канцеларијата за упраување и пресметки, исто така, кажа дека постои можност од нарушувања на сообраќајот и работата на училиштата.

Белата куќа е под притисок од опозициските демократи околу управувањето со кризата со коронавирусот, вклучувајќи ја и подготвеноста на неа, како и заради претходно планираното намалување на буџетот за здравство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...