Помпео: Ние ѝ понудивме помош на Исламската Република

169
ФОТО: EPA / MAURICIO DUENAS CASTANEDA

САД во моментов не е вклучена во непријателства кон Иран и на Техеран му понуди техничка помош во справувањето со епидемијата од новиот коронавирус, изјави американскиот државен секретар, Мајк Помпео.

– Ние ѝ дадовме понуда на Исламската Република за помош – им соопшти Помпео на конгресмените откако го притиснаа околу глобалниот одговор на заразата, во сослушувањето во Конгресот што во фокусот го имаше Иран.

Американските конгресмени се загрижени дека во Иран е забележана сериозна појава на коронавирусот, додека нивниот здравствен систем е ослабнат.

Помпео истакна дека здравствениот систем во Иран не е стабилен и додаде дека Техеран не споделува информации.

ФОТО: EPA / MAURICIO DUENAS CASTANEDA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...