Половина Словенија во „портокалова фаза”, опасност од силен ветер

Во текот на изминатaта ноќ, поради силен јужен ветер во областа Приморска, некои објекти во Пиран кои се во близина на морето беа поплавени.

169

Поради опасност од силен ветер словенечките метеоролози прогласија „портокалова фаза” во централниот и источниот дел на државата јави дописникот на МИА.

Според метеоролозите во областа Штаерска на некои места ветерот ќе достигне брзина и до 100 километри на час.

Во текот на изминатaта ноќ, поради силен јужен ветер во областа Приморска, некои објекти во Пиран кои се во близина на морето беа поплавени. Управата за заштита и спасување информираше дека имале неколку интервенции во овој регион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...