Kина: Оние кои го прележале вирусот, веќе не се заразни, иако повторно биле позитивни

318

Пациентите кои биле отпуштени од болница откако се опоравиле од новиот коронавирус, но на подоцнежните тестови повторно биле позитивни на Ковид-19, се утврди дека не се заразни.

Тоа го изјави денеска официјалниот претставник на кинеската Национална здравствена комисија (НХЦ) Гуо Јанхонг на дневна прес конференција.

Гуо додаде дека има потреба да се продлабочи разбирањето за новиот вирус и да се подобри мониторингот на здравјето и третманот на пациентите закрепнати од коронавирусот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...