Германија: Во шест покраини 22 нови случаи на заразени со Ковид-19

228

Дваесет и два нови случаја на коронавирус се регистрирани во шест германски провинции, при што повеќе од 30 луѓе се заразени во Германија.

Во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената германска покраина, уште 14 лица се позитивни на новиот коронавирус, и тоа во областа Хајнсберг каде за првпат беше пријавен случај. Вклучувајќи нови случаи, сега има 20 заразени лица во и околу Хајнсберг.

По едно лице има заразено во Хамбург, Франкфурт, Хесе и Баварија.

Во Баден-Виртемберг, пријавени се четири нови случаи, вкупно осум.

Државата Рајналенд-Пфалц објави дека маж во Кајзерслаутерн е заразен со вирусот Ковид-19.

Министерот за здравство Јенс Шпан во средата изјави дека Германија е на почетокот на епидемијата на новиот коронавирус, бидејќи новите случаи веќе немаат никаква врска со изворот на заразата во Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...