Ниту еден од преостанатите 700 гости во хотелот на Канарските острови, кој беше ставен во карантин поради новиот коронавирус, не покажува симптоми на болеста. Околу 130 гости сега можат да го напуштат хотелот, изјави портпаролот на регионалната влада.
Гостите на хотелот „Х10 Коста Адехе палас“ на Тенерифе поминаа три дена во изолација откако вирусот беше забележан кај четворица италијански туристи.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.