Иранската потпретседателка одговорна за прашањата на жените и семејството, Масуме Ебтекар, е заразена со коронавирус, јави агенцијата Ирна.
„Постоеја некакви знаци на инфекција, таа беше испитувана, а тестот се покажа позитивен“, соопшти советникот на потпретседателката за иранската агенција.
Според последните податоци од Иран, бројот на инфекции веќе достигна 245, од кои 26 се со фатален исход.