Кинеските авиокомпании нудат авионски билети и за четири долари

464

Во Кина во просек дневно во февруари се откажуваат по околу 10.000 домашни летови, како резултат на епидемијата на новиот коронавирус и за повторно да се зголеми домашната побарувачка, кинеските авиокомпании нудат екстремно ниски цени на авионски карти.

За дестинации оддалечени по 1.500 километри билетите чинат по 20 американски долари, додека ниско-тарифните компании нудат и за помалку од четири американски долари.

Странските агенции како за споредба посочуваат дека едно кафе во „Старбакс“, најпопуларното место за пиење кафе во Кина, чини четири и пол американски долари, што значи поскапо од авионски билет.

За време на февруари откажани се две третини од планираните летови, а кинеските аналитичари напоменуваат дека компаниите во овој момент само сакаат да го стабилизираат домашното производство и да ја вратат довербата на патниците.

Според нив, за време на овогодишните празници дневен промет за цела Кина имаше пад од 75 отсто во однос на минатата година.

Водечкиот хонгконгшки авио-превозник „Чатај Пацифик“ на неплатено отсуство пушти 25.000 од вкупно 33.000 вработени, по откажување на 60 отсто од летовите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...