Изложба „Вибрации“ во Порта Македонија

52

Во Порта Македонија вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Вибрации“ на Галерија’73, Белград, Србија. Изложбата содржи дела во масло на платно и комбинирана техника на авторите Ирина Черњавски Шантриќ и Саво Рупиќ.

Во присуство на авторите, на отворањето на изложбата ќе се обратат  директорките на НУ Музеј на македонската борба – Скопје и Галерија’73, Даниела Николова и Мирела Пудар, а изложбата свечено ќе ја отвори Амбасадорката на Србија во Скопје, Н.Е. Душанка Дивјак Томиќ. 

Ирина Черњавски Шантриќ и Саво Рупиќ се истакнати претставници на современата ликовна сцена од регионот со голем број самостојни и групни изложби. Македонскта изложба е продолжување на соработката на Музејот на македонската борба со Галерија’73 од Белград, а публиката ќе има можност да ја види до 8 март во галерискиот простор на Порта Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...