Путин прифати референдум

334
ФОТО: EPA / EVGENIA NOVOZHENINA / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин се согласи со предлогот на 22 април да се одржи национално гласање за уставните измени. Ова денеска на новинарите им го соопшти копретседателот на работната група за подготовка на измените во рускиот Устав, Павел Крашениников, јави ТАСС.

Референдумот за уставни промени со кои вистинската моќ во државата би се пренела од претседателот на премиерот или парламентот, што, според критичарите, би му овозможило да го продолжи своето владеење и откако ќе го напушти Кремљ.

Според Крашениников, денот на гласање ќе биде неработен за граѓаните.

На денешната средба со членовите на работната група, Путин рече дека „целосно се согласува“ со предлогот да се воведе уставна забрана за високорангираните државни функционери во Русија да поседуваат материјални и финансиски средства во странство. Тој предложи проширување на списокот на високите позиции, со цел меѓу нив да се вброи и претседателот на земјата.

Путин рече дека во Уставот може да стави и дека рускиот е јазик на „државотворниот народ“. Според него, тој текст е во согласност со предлогот на работната група дека на територијата на Русија „се гарантира етнокултурна и јазчна разноликост“.

Со уставните промени, меѓу другото, се предвидува јакнење на улогата на Парламентот во номинирањето на премиер, ограничување на претседателскиот мандат на вкупно два, наместо два последователни, кандидатите за претседател на Русија ќе треба да престојувале 25 наместо досегашните 10 години во земјата, формирање на претседателски совет, кој ќе ги утврди главните насоки на внатрешната и надворешната политика на Руската Федерација.

ФОТО: EPA / EVGENIA NOVOZHENINA / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...